Нова кражба на садници од Градски парк, овој пат украдени 15 зимзелени дрвја

Петар Печков

Откако кражбата на 16 садници борови и  туи, која се  случи во вторникот во попладневните часови, уште ја брануваше велешката јавност. Следниот ден, средата попладне,  се  случи нова. И повторно во  Градски  парк и повторно новите, штотуку засадени зизмелени садници дрвја.

Откако пред два дена од страна на несовесни граѓани беа украдени 16 свежо засадени зимзелени садници од бор и туја од градскиот парк, високи по 2 метра, вчера  (среда) од страна на несовесни граѓани беа украдени уште 15 садници на зимзелени дрвја. Апелираме до граѓаните за повисока свест, затоа што во услови на голема загаденост на воздухот секоја мерка како што е засадување на дрвја, која ќе делува долгорочно на квалитетот на воздухот, треба да се поздрави, а не да се предизвикува штета- велат од ЈКП Дервен.

Тие бараат од граѓаните,  доколку забележат дека некој краде садници од јавните зелени површини, истото да го пријават кај надлежните во Општина Велес или ЈКП Дервен. Украдените садници беа  40 на број и   засадени од страна на РЕ Паркови и зеленило, во вторникот. По два дена останаа само уште девет.   Во овој период од два месеци, кога според стручните лица било најдобро да се засадуваат нови садници дрвја, на повеќе локации од Велес  биле засадени повеќе од 300 разни видови едногодишни  дрвја. Со овие кражби, комуналците стравуваат дека садниците  завршиле во дворовите на велешани.

loading...

Поврзани »

loading...

Rontis вработува магационер

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала Ронтис заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи: Mагационер Детали

Rontis вработува техничар за одржување

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала „Rontis“ заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи: Техничар во оддел за одржување

Детали

Rontis вработува оператори

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи: 20 (дваесет) Оператори во производство Детали

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com