Нови седум лица од Велес, позитивни на ковид-19, само еден оздравен

Петар Печков

Седуммина жители на Велес се нови случаи на позитивни на ковид-19 а има само еден оздравен. Ова се податоците кои доцна вечерва ги објави Министерството за здравство, објаснувајќи дека доцнеле бројките  од Институтот за јавно здравје.

Со ова бројката на активни случаи во велешко порасна на 69 лица а досега се заразени 392 лица а 16 починати, 307 се оздравени.

На Инфективното одделение има хоспитализирано 26 пациенти,  24 се потврдено позитивни а двајца се сомнителни.

Еден пациент  утрово, на 41 годишна возраст од Велес е транспортиран  на Клиниката з Инфективни болести во Скопје, поради влошената состојба. Вечерва  околу 20 ч. е префрлен уште еден пациент поради влошена состојба во Скопје.  Девет пациенти биле на кислородна поддршка.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

  • да
  • не
Резултати