Нови седум книги на Брајово писмо, за лицата со оштетен вид

Петар Печков

Локалната библиотека „Гоце Делчев“, Здружението на слепите лица на Општина Велес,  и Брајова библиотека „Ратко Пајдаков“промовираа седум  нови наслови од брајовата колекција, како   и  четири реизданија.

Пред публиката која знае да го чита Брајовото писмо   се најдоа делата:  „Силјан Штркот“ од Марко Цепенков, „Избор“  од Јоаким Крчовски, „ММЕ - Кој прв почна“  од  Дејан Дуковски, „Така било пишано“  од Сашко Насев, „Млади синови“  од   Васил Иљоски,  „Антица“  од Ристо Крле, и  „Грев или шприцер“од  Сашко Насев. Беа претставени и четири  реизданија: „Црно семе“ од Ташко Георгиевски, „Камена перница“ од  Ристо Ѓ. Јачев, „Диво месо“ од  Горан Стефановски и „Бели мугри“ од Кочо Рацин.

Отпечатените  книги  се од  ланската продукција, но  еве сега ги промовираме. Тие што ги реиздадовме, заедно  со новите се на  далеку поквалитена хартија и на  попрактичен  формат за слепите. Така  сите  ќе имаат подолг век на користење.  Книгите од нашата   библиотека бесплатно ги доставуваме до читателите и не радува  што никогаш не се на  број. Се читаат, има некои кои ги имаат прочитано и  по пет -шест пати, но бројот  на книги на Брајово писмо  во земјава е мал - рече Тони Пајдаков, секретар во Здружение  на слепи во Општина   Велес. 

Тие овие книги ги печатат на печатар кој им го набави 2012-та   Општина Велес. Секоја книга е отпечатена по 8 примероци.  Досега вкупно Здружението на слепи лица од Велес има   издадени  34 наслови. Тие ги  издаваат заедно со локалната   библиотека.  

Со овие книги им даваме не само зрак на  нашите сограќани со проблеми со видот, туку цели нови сонца, цели нови светови. Од нашата мисија не отстапуваме и се додека постои збор на парче хартија кој е недостапен за слепите лица, ние ќе ја сметаме за незавршена и нецелосна. Литературата е наменета за сите и треба да биде достапна за сите. Затоа што слепилото е само состојба и не смее никако да биде пречка за слепите лица да останат посиромашни за целото книжевно наследство на овој свет, за сета мудрост на овој свет акумулирана на белите страници на книгата - изјави  Игор Крајчев директор на ЛУ Локална библиотека „Гоце Делчев“ .

Во Македонија според  проценките на  Здружението, околу 600 лица го познавале и користеле  Брајовото писмо, 200 интензивно го користат во  дневниот живот а во  Брајовата библиотека „Ратко Пајдаков“ во Велес  имале 65 членови кои активно ги користат книгите на Брајово писмо.   

Здружението на слепите лица на Општина Велес го издава и звучното списание ,,Зрак,, и до јануари 2018-та година има издадени 97 броја, излегува еднаш месечно.  Или скоро 9-та година. Проектот е финансиран од Општина Велес.  Има едукативен, информативен и забавен карактер со времетрање од 60 минути. освен во Велес и Македонија ,,Звук,, се дистрибуира и во  Србија, Црна Гора, БиХ и Хрватска. 

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

На што ќе се греете зимава?

  • огревно дрво
  • пелети
  • нафта
  • ќумур
  • електирична енергија
Резултати