Нови тројца починати од Велес, како последица на ковид-19

Петар Печков

Продолжува црната низа на смртни случаи на лица од Велес кои починати од последиците на корона вирусот. Откако вчера имаше три смртни случаи, од велешка Болница информираа дека и денес има повторно три смртни случаи.

Сите три се жени на возраст од  69, 72 и 81 година, сите три со коморбидитети. Двете пациентки биле на Инфективно одделение а третата во Модуларната Болница. Со ова бројот на починати лица во велешко, како последица на корона вирусот достигна 243 лица.

Изминатите 24 часа има повеќе оздравени отколку ново заразени во велешко. Бројките се 18 оздравени и 17 нови случаи наљ позитивни со корона вирусот. Потадоците ги објави Министерството за здравство. Бројот на активни случаи во велешко е 367 лица.

Во трите ковид одделенија од Болницата има хоспитализирано  50 пациенти, четири помалку од вчера, 41 од нив е позитивен, и по петмина се непотврдени или негативни, но со здравствени проблеми, па  имаат потреба од здравствена заштита. 

На кислородна поддршка се 17 пациенти. Бројот на активни случаи со ковид-19 во велешко е 368.  На Инфективното одделение кое има 42 кревети згрижени се 19 пациенти, на Интерното одделение каде се сместени сомнителните случаи има 10 и во Модуларната Болница има 21 пациент а таа има капацитет од 54 легла.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати