Нови заразени со ковид-19 увезени од страна - двајца млади и двајца оздравени

Петар Печков

Во Велес два нови случаи на позитивни со ковид-19, како и двајца оздравени. Ова е денешната состојба за која информираа од Центарот за јавно здравје.   Така во градот има 23 активни случаи на лица со корона вирусот,  198 оздравени, вкупно  235 заразени и 13 починати.

Имаме два нови случаи на позитивни со ковид-19 и двете се млади лица, од исто семејство, машки, кои биле надвор од градот и таму се заразиле. Имаме и двајца оздравени, мажи и жена, кои не се во сродство. Тие имаа два негативни последователни теста  - информираа од Центарот за јавно здравје.  

На Инфективното одделение од велешка Болница има 17 хоспитализирани, сите се потврдено позитивни.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати