Нови 11 случаи на заразени со ковид-19 во велешко и седум оздравени

Петар Печков

Министерството за здравство објави дека денес, вторник во велешко има 11 лица ново заразени со ковид-19, седумина се оздравени. Активни се 235 случаи а досега се заразиле 3.300 лица.

Бројот на починати од последици на корона вирусот, во велешко неколку дена е без промени,  107 пациенти.

Во велешка Болница се хоспитализирани 33 пациенти, од кои 27 се потврдени позитивни, двајца пациенти се сомнителни, четворица пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.

На кислородна поддршка се осум пациенти.  На Инфективно одделение се сместени 31 а на Интерно двајца пациенти.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати