Нови 20 случаи позитивни на ковид-19 во велешко, оздравени се 20 пациенти

Петар Печков

Министерството за здравство објави дека во денес во велешко регистрирани ce 20 нови случаи на лица позитивни на ковид-19 а оздравени се 15 . Со ова активни се 387 случаи а досега во велешко се заразиле 2.888 лица. Починати oд последиците на ковид заразата се 97 лица од велешко.

Во велешка Болница  хоспитализирани 35 пациенти, од нив 29 се на Инфективно одделение а шестмина  на Интерно. Од лежечките пациенти  26 се потврдени позитивни, двајца  сомнителни и   седуммина   пациенти со негативен тест но се задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 11 пациенти. Испишани се двајца   пациенти  од Болница, како оздравени со по еден  негативен тест.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати