Ново возило за противпожарната единица во Велес

Петар Печков

Пристигна новото противпожарно возило „Volkswagen Amarok“во Територијалната противпожарна единица во Велес. Опремено со 1 сет за гасење пожар, носи резервоар со 500 литри вода, а има и 1 стабилна и 3 рачни радиостаници за комуникација, како и лична заштитна опрема. Новото возило е донација од Јапонската влада.

Грантот е во висина од 60.442 евра. Во изминатиот период бројката на теренски возила е значително зголемена. Претходно во единицата се набави исто вакво возило „Volkswagen Amarok“ и една „Lada Niva“.

Со тоа подготвеноста за брзи и навремени интервенции посебно на тешко достапните предели од градот е на многу повисоко ниво.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати