Ново оштетување на столпчињата пред судот, автомобил удри во нив

Петар Печков

Ново оштетување на столпчињата пред судот. Овој пат инцидентот се случи средата попладне околу 18,45ч. кога според сведоците, возачот на автомобилот  марка ,,хјундаи акцент,,   срушил три столпчиња пред пешачкиот премин.

Автомобилот беше оштетен  и не можеше да се движи па подоцна беше подигнат и пренесен на поправка од местото на настанот.  Од полиција го потврдија настанот. 

Досега во три сообраќајки оштетени се 20-тина столпчиња, кои и по толку време никако локалната власт да ги врати.

Градоначалникот во два  наврати изјави дека ЈКП Дервен ги има изработено и прашање на ден е кога ќе бидат вратени, поставени. Дотогаш овој простор, тротоарот пред судот е паркинг а пешаците го користат коловозот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати