Ново труење на животни во дворот на ОУ Васил Главинов

Петар Печков

Неделата попладне се случи ново  организирано масовно труење на бездомни животни. Опасниот настан е регистриран во дворот на ОУ Васил Главинов, кај спортските терени. 

За ова алармираат од Здружението за заштита на животните ,,Гласот на животните,,.  Според нив користен,   според симптомите и брзината на настапување на смртта,  бил отровот    Ланате. 

Овој отров  убива за неколку минути. Него  како поединец никој не може да го купи во земјоделските аптеки. Отров е најден во дворот на училиштето Васил Главинов, каде за време на труењето имаше  голем број на деца.  Ова повеќе не е проблем само на здруженијата за заштита на животните. Општината мора да ги заштити и своите граѓани. Отровот за неколку минути може да убие и дете и возрасен човек – велат од ЗЗЖ  ,,Гласот на животните,,

Тие повикале полиција, која  излегла на терен направиле записник. Од ЗЗЖ известен бил  и ветеринарен инспектор. Од ова труење три кучиња и една мачка починале, две биле кучиња биле во тешка состојба, неизвесно дали ќе преживеат.

 фото ФБ

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати