Нов сведок на одбраната, малата Тамара имала одобрување за лекување во Турција, мајка и барала друга болница

Петар Печков

Во Основен суд Скопје 1 продолжува судењето за обвинетите за смртта на Тамара Димовска. Се сослушуваат сведоци на одбраната.  Како и на рочиштето пред месец и половина, тогаш сведокот на одбраната Јован Грковски  така и на ова рочиште  претседателката на првостепена комисија на Фондот за здравствено осигурување, Викторија Чаловска, како сведок   кажа дека  комисијата одобрила лекување на Тамара во Турција, за два месеци потоа, односно на почетокот на февруари 2015, мајката на Тамара да побара нејзината ќерка да биде лекувана во друга болница.

Од мајката на Тамара добивме  барање за лекување на  девојчето во Хрватска, во  Дубрава.  Се обративме во Дубрава со допис и побаравме  профактура што би презела оваа болница, колку ќе чини операцијата и кој се изгледите за успешност. Од оваа болница комисијата не доби одговор, па стапи во контакт со други установи, но тие немаа задоволителни критериуми и од тие причини членовите сакаа  да се најде референтен центар кој ќе овозможи успешно лекување - сведочеше Викторија Чаловска. 

Добивме одговор и профактури од три болници во Турција. Најповолна беше понудата од болницата Шафак, но описот не беше соодветен со зафатот што требало да се изврши врз Тамара. Беше изнесено  сомневање оти претходно испратените пациенти во оваа болница не добиле адекватен третман и зафатите не биле успешни. Затоа одлучивме да се побара мислење од Торакална клиника во Скопје да се изврши конзилијарен преглед на веќе испратените пациенти и да добиеме известување каков е исходот од преземените зафати -сведочеше Чаловска.

Комисијата одлучила да се запре постапката со оглед дека формалниот рок од шест месеци на важење на конзилијарното мислење истекувал, а сѐ со цел да дадат шанса да се поднесе ново барање со определување на референтен центар од страна на клиниките за торакална и ортопедска хирургија.

Кога мајката поднела ново барање дополнето со две конзилијарни мислења и со направени снимки со магнетна резонанса и комплетна документација која ги следела конзилијарните мислења, комисијата дала мислење да се лекува во болница во Мерипол во Турција. Мислењето било  уважено и изготвено  решение после кое пациентот може да оди на лекување во Турција.

Ова мислење според сведокот Чаловска,  било дадено на 10 декември, 2014 година кога Тамара веќе можела да замине на лекување.

После вака добиеното мислење, кога предметот бил затворен од страна на првостепената комисија, според Чаловска, во текот на февруари 2015 година, биле повикани на итен состанок со барање од мајката на Тамара да биде сменета болницата каде што ќе биде упатено девојчето сметајќи дека поадекватна установа е болницата Аџибадем во Истанбул.

Барањето стаса на 5 февруари 2015 година. Членовите на комисијата беа зачудени бидејќи сметавме дека девојчето е веќе на лекување во Турција. Но, се согласивме да ја испочитуваме желбата на мајката и да ѝ се овозможи лекување во Аџибадем, во Турција - појасни Чаловска.

Комисијата се согласила да започне процес за да се исполни желбата на родителот, но Тамара почина во февруари  2015 година, чекајќи ја операцијата. Следното судење е закажано 10-ти  април кога пред судот треба да се појават нови сведоци на одбраната.

Малата Тамара Димовска почина чекајќи операција на р’бетот во странство, во вчерашното рочиште пред судот појасни дека на почетокот на декември, 2014 година.

Обвинителството ги товари за кривичното дело  „несовесно работење во службата“ тогашните директори на ФЗО  Маја Парнаџиева – Змејкова и Џемаили Мехази,  и докторите Владимир Поповски, Александар Чапароски, Лилјана Тозија, Наталија Долненец Банева и Никола Граматиковски, како членови на првостепената комисија која го донела првостепеното решение со кое се одбива лекувањето во странство на малолетната Тамара Димовска и против Александар Стојановиќ, Шабан Мемети, Ристе Симеонов, Елена Трпковска и Аспазија Софијанова како членови на второстепената комисија кои го потврдиле првостепеното решение. 

Поврзани »

ВОНРЕДНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ВЕЛЕС

Почитувани, велешани, почитувани крводарители!
Поради вонредната состојба во државата има ниско ниво на залихи со крвни единици. Затоа Општинскиот црвен Црвениот крст на Велес во соработка со Институтот за Трансфузиона медицина се одлучи во Велес да се одржи ВОНРЕДНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА. Детали

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали граѓаните ги почитуваат препораките за заштита од корона вирусот, да останат дома, да има растојание кога се чека во редица пред банка, маркет?

  • да
  • не
Резултати