Новa водоводна мрежа за Речани

Петар Печков

Во тек е  изградба на водоснабдителен систем за индустриска зона Речани 2. Тоа е нова водоводна линија во должина од 1,3 км.  Истата е дел од  поврзување со водоснабдителниот систем на езеро Младост.

Со новоизградената водоводна линија која оди се до крстосницата во близина на Башино село, се воспостави кружен тек на водоснабдување и се создадоа услови за приклучување на поголем дел од жителите на населба Речани и објектите во индустриските зони Речани 1 и Речани 2 кон градскиот водосбадителен систем. Со реализацијата на овој проект конечно се става крај на проблемот со водоснабдувањето за објектите во овој дел на градот. Тие во иднина ќе можат да користат чиста вода за пиење  – изјави градоначалникот Славчо Чадиев. 

Новата водоводна линија е од полиетиленски цевки со профил од 225 милиметри. На овој потег изведени се четири разделни шахти за да може во иднина да се приклучат други секундарни линии. 

Вкупната инвестиција е од Буџетот на Општина Велес. Средствата се во висина од 2 милиони денари.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати