Ноќеска нови три смртни случаи на лица позитивни на ковид-19, на Инфективно одделение

Петар Печков

Ноќва нови тројца починати пациенти на инфективно одделение во Велешката Болница, информираа од оваа здравствена институција. Сите тројца била позитивни на ковид-19.

Двајца пациенти се од Градско, мажи на 65  годишна возраст и на 79 години. Почина уште еден пациент, исто така маж, тој е од Велес на  89 годишна возраст - соопшти д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес. 

Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани четири смртни случаи, еден беше од Свети Николе, тројца од Велес. Со ова бројот на почнати во велешко од корона вирусот е 23 лица.

На Инфективното одделение на пладне имало 33 пациенти, 30 потврдено позитивни а тројца сомнителни, 12  биле на кислородна поддршка. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати