Ноќна одисеја со часови на патниците за Битола, откако воз удри во лице, кое побегнало од местото на настанот

Петар Печков

Ноќна одисеја  саботата навечер, за патниците во вечерниот воз од Скопје за Битола, откако тој удрил во лице кое било на пругата кај Велес.  Инцидентот го потврдија и од Македонски железници и од СВР Велес а за случајот алармираа малкуте патници кои се затекнале во патничкиот воз.   Настанот се случил околу 21,10 ч. на излетот од Велес во правец на Битола, на пругата близу ОУ Васил Главинов.

Местото е во кривина, но машиновозачот свиреше бидејќи го видел лицето кое било на пругата. Откако закочи и возот застана, службите лица на МЖ, машиновозачот, кондуктерот излегоа, а  лицето кое беше удрено, човек, маж на 50-тина години, немаше видливи повреди. Тој објаснуваше дека се криел од полиција, бидејќи ја нападнал сопругата и сега го барале. По некое време  човеков исчезна. Кога дојде полицијата го немаше - објаснува патник од патничкиот воз, сведок на настанот.

Тој бил еден од 30-тината патници во возот. Дома на железничката станица во село Мартолци бил во 1,30 по полноќ а возот требало да пристигне во 21,35ч. Од МЖ  кратко кажаа дека се случил инцидент, откако лице кое било на пругата било удрено.

Според прописите, настанот мора да се пријави во полиција, што од страна на службените лица од патнички воз било сторено. Кога тие дошле, оштетениот го немало.

За инцидентот сведочат и станарите од околните згради, кои се чудат како патниците од возот, издржале со часови додека траел увидот.

Се гледаше од светлата на возот дека има луѓе во него. Додека седев до полноќ, возот не беше тргнал  - вели станар од околната зграда, позната како Топичлничарска.

Од велешката полиција  потврдија дека примиле пријава за инцидент на пругата Велес- Битола, на подрачјето на град Велес.

Добиена е пријава дека патнички воз за Битола удрил во лице, кој во тоа време било на пругата. Кога полициски екипи дошле на местото на настанот, човекот го немало - кажа Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати