ОУ Блаже Конески доби награда за селектирање на отпадот

Петар Печков

По повод 16ноември Светскиот ден на еколошките движења во ОУ Блаже Конески се одржа промоцијата на проектот на Техничко- технолошкиот факултет од Велес при УКО од Битола.  Со ова училиштето доби два контејнери и 12  канти  за селекција на отпад и тоа е прво од градот кое ја доби оваа донација.  Контејнерите и кантите е наменети за селектирање на пластика и хартија при фрлањето на отпад.  Проектот е насловен ,,Стимулирање на учество на граѓаните во рециклирачки процеси, преку бенефит систем,, и е кофинансиран  од ЕУ.  Целта е да се селектира отпадот, но учесниците за тоа да добијат финансиски надомест.  

Учениците со собраните количества покажуваат интерес а училиштето систематски работело на селекцијата на отпадот.  Сметаме дека преку овој проект младите ќе ја пренесат пораката на постарите, да направиме систем.  Затоа наша целна група се учениците од основните и средни училишта од Велес и градинките. Ние им обезбедуваме средства -контејнери и канти, оти регистриравме дек им недостига инфраструктура. Но тие треба да се сочуваат за подолго период, системот да има одржливост и секако корист.  За собирањето на отпадот  секој како институција да добие награда од финансиски аспект. Работиме на систем каде секое училиште ќе биде наградено според количината која ќе ја собере - кажа проф.  д-р Зора Узуноска од ТТФ. Во проектот се вклучени пет земји Албанија,Бугарија, Грција, Кипар и Македонија. Вкупниот фонд е 110 илјади евра а секој учесник треба да одвои средства за да учествува, кој потоа се враќаат. Прво од училиштата во Велес контејнери и канти доби ОУ Блаже Конески. 

Само за еден ден нашите ученици собраа 340 кг пластика,  800 кг  хартија,  16 парчиња електронска отпад   и 5 кг батерии во   еко акција организиран за  Светскиот ден на еколошките движења. Оваа донација ќе биде добредојдена учениците да продолжат да го селектираат отпадот и во следниот период за изведување нови собирни акции - кажа   Славица Петрова координатор на еколошка програма во ОУ Блаже Конески.   

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати