Обвинение за возачот кој удри во пешак, кој почина а тој побегна

Петар Печков

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, како и за кривично дело – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода. Во сообраќајката загина Далибор Вучков ( 33 год)  од  Аџиматово.

Сега осомниченото лице било пријавено од страна на возач кој управувал со возило кое било зад возилото на осомничениот.

Осомничениот,  на 05.03.2018 година, како учесник во сообраќајот на регионалниот пат Велес – Градско, управувал патнички автомобил марка Фолксваген Шаран со неприспособена брзина на условите на патот. На тој начин осомничениот не се придржувал кон од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и со тоа го загрозил јавниот сообраќај така што ги довел во опасност животот и телото на луѓето.

Во услови на дождливо време и влажен коловоз, а при стемнување, тој не ја намалил брзината на движење на возилото, при што нејасно забележал дека на коловозот во лежечка положба се наоѓа едно лице во алкохолизирана состојба. Осомничениот започнал дејствие на заобиколување, но тоа го направил во недоволен лак и налетал на телото на оштетениот, нанесувајќи му тешки повреди.

По настанот, осомничениот го оставил повреденото лице без помош и заминал во правец кон Гевгелија. Нанесените повреди кај оштетениот довеле до загуба на крв и нарушување на работата на витално важни органи, што подоцна во велешката Болница  резултирало со смртен исход.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати