Обвинетата мајка за смртта на трите деца кои изгореа во пожар, се породи и судскиот процес одложен

Петар Печков

Марија Давчевска пред седум дена се породила, донела на свет здраво машко бебе,  и таа не дојде на судењето во која заедно со сопругот  Никола Антониевски се обвинети за  кривичното дело  ,,Запуштање и малтретирање на дете,,.

Поради тоа не започна судскиот процес и тој е одложен за средината на јануари. Таткото Никола само кратко рече дека по големата трагедија и смртта на трите дечиња, еве и  за нив среќен и радосен момент во животот.

На претходните три рочишта, обвиените не доаѓаа, оти не можеше да им биде врачена поканата. Според обвинението  тие не го заштитиле животот и здравјето на децата што е нивна должност согласно одредбите од Законот за семејство.

Со тоа што ги оставиле сами во куќата обвинетите постапиле крајно несовесно и не воделе сметка за живот и здравјето на децата.  Се работи за деца кои според својата возраст не можеле да се грижат сами за себе,  констатира Обвинителството. 

Во пожарот  кој се случи на 210-ти  јуни лани,  изгореа  Драгана четири, Петар две и Теона една година. Нивните тела беа пронајдени јагленосани.

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

  • да
  • не
  • можеше и подобро
Резултати