Обезбедени средства, ќе се гради пешачка патека до изворите на реката Бабуна

Петар Печков

До изворите на реката Бабуна  ќе се гради пешачка патека.  Нејзината должината е 1.650 м и ширина 1 метар.  Финансирана е од  Швајцарска агенција и соработка и Министерство за локална самоуправа, во висина од 2,4 милиони денари средства обезбедени преку проект на Вардарски Плански регион.   

Со реализација на проектот Општина Чашка, ќе го зголеми бројот на домашни и странски посетители, со што ќе се подобри економската состојба во Вардарскиот плански регион. Реализацијата на овие активности ќе овозможи проширување на туристичките понуди со нови дестинации, кои ќе резултираат во афирмација и промоција на природните убавини регионот - велат од Вардарски плански регион, кој   го работеше проектот. 

 Со изведбата на оваа пешачка патека до природната убавина, изворите на реката Бабуна, во подножјето на планината Јакупица,  обезбедено е  поврзување помеѓу Мотел Рибник Нежилово со Планинарскиот Дом Чеплес, помеѓу четири  бачила на индивидуални земјоделци со туристите и посетителите  и поврзување помеѓу три манастирски комплекси Богомила, Согле и Ореше.

Уредување на пристапна пешачка патека до изворите на Бабуна  е со рок на изведба до крајот на ноември годинава. 

Постојната тесна, само настаната и нестабилна пешачка патека која што е лоцирана во шумски масив од село Нежилово до изворите на река Бабуна ја загрозува безбедноста при движењето на планинарите и рекреативците  и за таа цел истата е потребно е да се прошири и стабилизира во должина од 1.650 м.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати