Обид за силување, девојката натепана и фрлена на улица

Петар Печков

Вчера  околу пладне драма се случувала  во Велес кога  прилепчанец се обидел да силува велешанка.  Откако девојката давала отпор тој ја натепал, ја фрилил на улица и побегнал. МВР излезе со повеќе информации. 

Вторникот  во 14.00 часот во СВР Велес,    дваесет и седум годишна девојка  од Велес  пријавила дека лицето Е.Ш. (31) од Прилеп се обидел да ја силува. Тие претходно оствариле комуникација на социјалните мрежи и договориле средба во Велес. Со возилото на Е.Ш. отишле на костурницата во Велес каде што ја присилувал на сексуален однос. Откако, го одбила тој почнал да ја  удира по целото тело при што и нанел телесни повреди. Од ударите девојката  паднала во безсознание, а Е.Ш. ја оставил во близина на Младинскиот парк и заминал во непознат правец. Со возило на Итна медицинска помош С.Ш. била пренесена во Јавната здравствена установа - Општа болница Велес каде е задржана на лекување - информираше портпаролот Димитар Каракулев. Додава дека СВР Велес презема мерки за целосно расчистување на случајот. 

Од ЗЈУ Општа Болница Велес портпаролот Марина Андова информираше за повредите од тепањето,  дека кај нив е донесена пациентка, кај која се констатирани повреди на глава, нанесени од удар по што вечерта околу 22ч. била пуштена на домашно лекување. Сведоците кој ја виделе девојката околку 16 часот близу сендвичарата Круг беа згорзени од глетката.

Се враќавме со сопругата од работа, кога среде пат, близу ЕВН и Круг лежеше девојче. Беше плава и неподвижна. Имаше кола близу до неа. Мислевме дека е сообраќајка, но луѓето што притрчаа од колата ни кажаа да продолжиме а тие и помагаа. Знам дека изгледаше многу лошо девојката, настанот беше вознемирувачки - вели сведок.   

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати