Обработени и сочувани мозаици од пет објекти на локалитетот „Стоби“

Петар Печков

Дел од мозаиците во археолошкиот локалитет „Стоби“ се   обработени и вратени на местото каде биле поставени, соопштија од културната установа „Стоби“.   Во текот на минатите неколку месеци, конзерваторскиот тим, предводен од Томе Филов - конзерватор за мозаик, работел на овие  активности. Со реставрацијата   биле опфатени мозаици  од пет различни објекти од локалитетот.

Мозаиците  биле извадени од оригиналната местоположба во неколку наврати во периодот од 1970 до 2016 година. Истите  беа во лоша состојба, беа обработени од задната страна, поставени на нов носач од алуминиумско саќе и потоа складирани во просторија со адекватни услови за чување на овој тип културно наследство. Еден дел од сегментите беа вратени на нивната оригинална местоположба, како што е случајот со Презвитериумот на старата епископска базилика и со тоа станаа повторно достапни за посетителите на Стоби - рече Филов.

Овие конзерваторски активности се предвидени со проектот „Конзервација и реставрација на дислоцираните мозаици од археолошкиот локалитет Стоби“.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати