Објавена втората книга, збирка филозофски есеи, на Бошко Караџов

Петар Печков

Излезе од печат втората книга на велешанецот  Бошко Караџов, со наслов COMPENDIUM PHILOSOPHIAE во издание на издавачката куќа Аз-Буки од Скопје.  Книгата претставува збирка на филозофски есеи, научно-популарни статии, научниогледи, расправи и други критички текстови од областа на социјалната филозофија, филозофијата на јазикот, културолошките студии и идентитетските теории.  Караџов е професор по филозофија, вработен во велешката Гимназија Кочо Рацин. 

Во првиот дел со наслов Онтологија на слободата книгата говори за Captain America и Поперовиот парадокс на толеранцијата, за стапицата на Френсис Фукујама и смртта на политичкиот романтизам, за Роберт Нозик, минималната држава и кошаркарската легенда Вилт Чемберлен, за Карл Маркс, Џон Ленон и филозофијата на мрзоволноста, за слободата и разголената Маријана на Делакроа и за Боб Дилан и бронзениот бик на тиранот Фаларис. 

Во вториот дел насловен како Филозофијата и јазикот се говори за препирката меѓу Џон Серл и Жак Дерида, за улогата на терминолошкиот гламур и celebrity културата на француската филозофска сцена, за Теодор Адорно и студентска група Busenaktion, за аферата „Сокал“ и помодарските бесмислици на француската постмодерна, за ученикот кој го надитри Протагора и детето-филозоф на Питер Хандке и Вим Вендерс.

Во последниот дел со наслов Идентитет, предание и паганска политика се говори за Македонија, за Џорџо Агамбен и феноменот State Sacer, за Жан Франсоа Лиотар и паганскиот македонизам, за македонскиот ЕУ-месијанизам, за договорот од Преспа и за филозофските основи на правото на име, предание и сеќавање. 

Со оглед на околностите со ковид  кризата, оваа и претходната книга „Парадоксите на индуктивната логика“ на авторот Караџов, дополнително ќе бидат промовирани  а наскоро ќе се најдат во книжарниците во Велес и Скопје.  Дизајнот на корицата е на ликовниот уметник  Крсте Шупев.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати