Овците наскоро во Македонија ќе ги има само во зоолошка

Петар Печков

Ниската откупна цена на јагнето жива мерка од 80 до 100 денари, го собра дел од македонските сточари на собир во Велес.  Здружението ,,Агро фаланга,, на едно место собра сточари, кои оваа пролет имаа еден ама најкрупен проблем, откупот на живото јагне.  Ако цената претходните години стигнуваше и до 200 денари за жива мера, годинава била мошне ниска.

Центата дојде до 100 денари за кг  јагне  и пониска која е уништувачка за нашето сточарство.  Поради ова голем број од сточарите решија да ги колат или да ги продаваат нивните стада. Со сточарство во Македонија се бават околу 20 илјади сточари. Изминатиот период  од 300 илјади овците се вратија на 600 илјади, и сточарството пак стана рентабилно и интересно за работа , но со годинашната  ниска откупна цена тоа тоне. Причина за ниската цена е монополот на откупот. Само еден откупувач и повеќе негови подружници.  Нашето  јагне беше потценето и се откупуваше за смешни цени. Прашање е кој ги уништи другите откупувачи, претходно имавме правилна цена-  вели  Љупчо Станковски претседател  на  Здружението ,,Агро фаланга,,.  

Ниските цени на јагнешкото влијаеле да се симне и платата за овчарите. Ако била 500 евра, сега е 350 евра. И таа тешко се обезбедувала.   Бевме кај министерот Цветков, кој вети дека ќе добиеме оштета поради ниската откупна цена на јагнешкото. Ама по два месеци  ништо од ветувањето за 45 денари по килограм.  

Не можеме повеќе вака, па стоката ќе се уништува. Јас продадов сто овци за да можам да работам. Ако за 15 дена не добиеме пари до субвенции, сите сточар ќе излеземе и ќе ги блокираме патиштата. Ќе излеземе и ќе протестираме, што досега не се случило од страна на сточарите иако стално сме биле газени      Митко   Јанков  сопственик на  фирмата ,,Арапчи,,

Четири години немам добиено субвенции, од  2012-та наваму. Други добиваат, тие што се поблиску до власт.  Со тешка борба и јас и семејството преживуваме. Ниска откупна цена а за концентрат и други трошоци, во аптека, мора да се плати. Нека земе некој од Владата и Министерствата нека ги почуваат овциве една година, и да видат колку пари е потребно за одгледување.   Никој не дојде зимава на метар снег  да праша дали стоката има храна, да гои земе млекото. Ќе ги пуштиме волците низ Скопје, нека си земат по една ама ние во нови борчови нема да влагаме   Со ваква политика овците ќе ги има само во зоолошка – изјави Спасен Тодоровски од Гостивар кој има 500 овци.

Тој се огради дека политички припаѓа на било која партија, но сака само услови за живот. 

Произведуваме јагнешко месо, млеко,  волна а ништо не се откупува. Се што произведувавме никој не го зема.  Дојдени сме до крајна ситуација, нема  што да правиме со животните   или да ги  продадеме или да ги колеме. Со парите што ги земеме не можеме да ги  отплатиме трошоците, храна, сметките. Наше е да одгледуваме, не можеме и да бараме купувачи. Државата треба да не штити  - рече Велков Ѓоко  сточар од Кавадарци  и претставник  на сточарите од овој град и Неготино.

Токму од просторот каде се одржа овој собир на сточарите, мината година државните институции се пофалија дека извозот на волна е драстично зголемен. Годинава сточарите се жалат на ниска откупна цена. Објаснуваат дека  не можат да најдат човек да ја истриже волната, за да се откупи.  Тој за една овца наплатувал 15 денари  а цента на истрежната волна од една била околу 20 денари.    

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати