Последните три месеци во Центарот за јавно здравје Велес  регистриран е зголемен број на случаи на лица заболени од овча сипаница -варичела.  Надлежните информираа дека  за изминатиот период варичелата ја имало кај   лице. Од тоа во  септември  46 случаи, октомври  биле регистрирани 114 заболени а во ноември за 20 дена  85  има  заболени.  Најголем број  се  деца на возраст до шест години, повеќето посетуваат градинка, а помал број се ученици. Највозрасниот заболен  има 40 години.

Треба да се знае дека зголемениот број на заболени од варичела, се јавува циклично на неколку години. Се акумулира и избувнува во одреден период. Во никој случај не станува збор за епидемија – објаснува д-р Билјана Трајкова, специјалист епидемиолог од ЈЗУ Центар за јавно здравје  Велес.  

 Пликовите кои се јавуваат по телото и предизвикуваат чешање,  најдобро е да се посипуваат со течна пудра. Варичелата ја имаше и  во првото полугодие во велешко,  кај 226 заболен. Споредено со претходната година, во истиот период, тогаш ја имало само во 38 случаи.  Овчата сипаница земала замав во месеците мај и јуни, кога биле забележани 170 случаи на заболени.  


loading...
Екстра понуда