Ограбени две продаваници во Горно Оризари

Петар Печков

Во велешката населба Горно Оризари, две продавници се ограбени пред Новата година. Сторителите, по кои полицијата трага однеле пари и  цигари. И двете кражби биле со насилно обивање на влезната врата. Првата се случила на 30-ти а втората на 28-ми декември во текот на ноќните часови.

Во продавницата сопственост на Е.З ( 26 год) од касата се одземени 50 евра, како и сто штеки цигари и 20 ВИП мобилни картички. Од продавницата сопственост на Н.П. ( 41 год) од касата се одземени 250 евра и  осум илјади денари, како и 20 штеки на цигари – информираа од МВР. Додаваат дека на лице место излегле екипи на СВР Велес и дека полицијата трага по сторителите.  

Мештаните на населбата Горно Оризари која е близу Велес, а брои околу 2,54 илјади жители,  се изненадени од дрскоста на крадците, бидејќи и двете продавници биле среде населба но никој ниту нешто видел, ниту слушнал при кражбите. 

loading...

Поврзани »

loading...

Дежурство на аптеките (ЈУНИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Каква е Вашата куповна моќ (на домаќинствата)?

  • го туркам цел месец
  • едвај сврзувам ден со ден
  • имаме за плаќање на давачките и храната и толку
  • работам, а не можам да истуркам една седмица
  • одлична, има за се
  • лоша
Резултати