Одбележани 69 години од загинувањето на борците учесници во Граѓанската војна во Грција

Петар Печков

Пред Споменикот на Борците  од Егејска Македонија, поставен во Велес, утрово беа положени цвеќиња.  Споменикот се однесува на 105 лица  кои загинале во борбите во Егејска Македонија а нивните блиски и потомци, потоа животниот пат  ги донел да живеат во Велес. Таа спомен плоча е потсетување на трагично завршениот пат на борците партизани од Граѓанска војна во Грција.   

 Денес се собравме на ова свето место за нас, пред ова спомен  обележје каде се бележани имињата на  многу наши најмили - татковци, браќа,  сестри, наши роднини,  борци доброволци, кои ги дадоа своите животи  во потрага по силно светнатиот ден, кој го имаме денес во Вардарскиот дел на Македонија. Одбележуваме 69  години од трагичниот настан крајот на Граѓанска војна во Република Грција 1946-1949. Овде сме пред ова спомен обележје за да им оддадеме почит и да им кажеме, ,,Ви благодариме,, - изјави за ТрМр   Бошко Божинов претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија ,,Ѕвезда,,.  

На положувањето на цвеќиња, на потсетувањето за момент на трагичната судбина на загинатите беа присутни и нивни најблиски. И после безмалку седум децении, болката не исчезнува, таа е присутна и притиска.   

Сестра ми  Германија на седумнаесет години е стрелана, затоа што помагала на партизаните. Толку години од нејзината смрт носам непребол. Таа ја одржувала коњаницата, девојка па таква работа, можете да замислите да потковува коњи. Мајка ми со седум деца, три нејзини и четири од чичко ми, најмалите имале по две години  а минела преку  Преспа , преку планина од Герман во Долно Дупени. За сестра ми има пишано и песна, некој поет минува низ селото ја гледа како потковува, и ја напишал ,,Младата ковачка,,. Тоа ни е единствено останато како спомен за сестра ми Германија  - се присети  Зора Карова моминско  Пајкова.   

 Мојот кум Вели Јанакиев е починат во Граѓанската војна во Грција. Низ шума додека минеле партизаните паднала напалм бомба го разнела.   На 24 години загинал, дали 47, дали 48-ма  се случило, во Драмско  - рече Велик Миланов, поранешен вработен во Порцеланка. 

Во Граѓанска војна почина чичко ми, на татко ми брат, тоа е -Вангел Јанкулов.  Беше партизан, не знаеме каде почина, нема гроб и тоа најмногу боли. Баба ми почина кога падна бомба додека печела леб на фурната, во село Буф - кажа Менка сега Самаракова а моминско јанкулова , која на седум годишна возраст дошла во Велес.    

Татко ми Ване  погина при крајот на војната, бил фатен од Грците, малтретиран и умрел. Гробот не му го знаеме. Мајка ми  Маслина ранета го грбот, ја однесоа во Будимпешта и подоцна од раната почина, тука во Велес - рече Ѓорѓи Самараков.  

Присутните потоа заминаа за Болница Јасеново, каде во кругот е исто така спомен плоча за ранетите борци припадници на Демократската армија на Грција ДАГ  учесници во Граѓанската војна во Грција, кои починале во болницата.  

loading...

Поврзани »

За првиот мост во Велес
loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати