Одврзана и заврзана мечка

Петар Печков

Приказната која се раскажува меѓу постарите велешани, време е да ја прочитаат и помладите, да се присетиме сите на едно време кога градот имал шегаџиски дух и смисла за хумор. Ја раскажа  Светлана Читкушева   сега Хоџинс, која живее во Торонто Канада.  Се однесува на нејзиниот татко  Петре Читкушев кој бил  фирмописец во слободното време, вработен како  железничар a свирел и виолина.

 Дошол некој крзнар од страна и  отворил дуќан во Велес. Побарал фирмописец , му кажале за татко ми Петре и побарал од него да напише фирма за дуќанот.   Сакал на фирмата да има мечка. Татко ми го прашал, дали сакаш врзана или одврзана. Додал дека ако е одврзана таа е поевтина а додека доколку е врзана е поскапа варијанта. Газдата се одлучил за поевтината варијанта, и нарачал одврзана мечка.   Татко ми со обични бои ја нацртал убаво, да личи, газдата платил и работата завршила. По некој ден заврнало, паднал дожд а со него и мечката од фирмата исчезнала, се избришала. Веднаш отишол кај татко ми и луто го прашал, каде е мечката, на тоа татко ми Петре одговорил, ти сакаше одврзана мечка, ете таа си замина.   Ајде сега да ја врземе, плати двојно за да биде врзана. Така  платил повторно, татко ми ја нацртал повторно, овој пат  со мрсни бои и мечката била врзана и останала на фирмата – раскажа Светлана.

Според презимето на оваа фамилија Читукшеви, останало и името на чешмата Читкушева а не Четкушева, како  што некои ја именуваат.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати