Одржана јубилејната 25-та ликовна работилница на децата со попреченост

Петар Печков

Дел од делата, како и наградените од ликовната работилница на Посебното осново училиште, „Маца Овчарова“ од Велес,  три дена ќе бидат поставени во фоајето на велешки театар. Сограѓаните ќе можат да ги видат до понеделник, 6-ти декември. 

Целта на ликовната работилница е инклузија на лицата со попреченост а истата е во рамките на одбележувањето на 3-ти декември Светскиот ден на лицата со попреченост .


„Ученици со попреченост и лица со aтипичен развој од 31 училиште од овој регион и гостите од другите земји цртаа на керамика и заедно создаваа вредни уметнички дела со мотиви од нашето културно творештво“ - соопштија од училиштето.   

Ликовната работилница се одржа во  ПОУ  „Маца Овчарова“, таа е 25-та по ред. Годинава, од републичка, работилницата прерасна во меѓународна со учество на претставници од четири училишта од Србија, Грција, Турција и Италија.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати