Одронот на пругата кај Гевгелија експресно исчистен, железничкиот сообраќај нормализиран

Петар Печков

Железничкиот сообраќај од Велес кон Гевгелија и обратно е повторно воспоставен, откако е отстранет одронот на камења на пругата. Половина ден работа им требаше на вработените од ЈП Македонски Железници инфраструктура да го отстранат одронот, кој се случи вчера наутро а во него удри товарен воз, повредени немаше. 

Железничкиот товарен  превоз од Солунското пристаниште за Македонија но и за средна Европа ја користи оваа пруга. Одронот кој според ЈП МЖ Инфраструктура имал 200 м3 камења, бил исчистен синоќа до 21ч. Утринава е воспоставен и железничкиот патнички сообраќај на релацијата Скопје - Гевгелија. 

Македонски железници АД Транспорт излезе со информација дека од понеделник се враќаат патничките возови на релација Скопје  -Битола и обратно по еден наутро и попладне. Ова релација беше во прекин од 16-ти март оти имаше одрон на пругата кон Битола, помеѓу станиците Стари гради Мартолци а беше исчистен на 31 март.

И натаму нема возови кон и од Кочани и Куманово, а кон Скопје  и Гевгелија се со намелен број линии. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати