Од денес, петок,започна да работи пазарот во Нова населба

Петар Печков

По четири месеци пауза, денес, петок, започна повторно со работа пазарчето во Нова населба. Тоа е од затворен тип, покриено. Изминатите денови, откако Кризниот штаб дозволи тоа пак да работи, беше извршено чистење, дезинфекција, на просторот и тезгите. 
Работното време е од 7 до 14ч, секој пазарен ден, вторник петок и недела. Дали може да работи секој ден одлука е на Кризниот штаб. Посетителите и продавачите задолжително мора да носат заштитни маски а на влезот се врши дезинфекција на рацете - изјавија од ЈКП Дервен, кој стопанисува со пазарот. 
 Бидејќи пазарот во Нова населба е од затворен тип,  од 20-ти март тоа беше затворено за купувачи и продавачи и до денес не се дозволуваше негово користење. Затоа жителите од новиот дел на градот беа приморани да пазарат од пилјари или да одат до Градскиот пазар
Од денес, петок, започна да работи пазарот во Нова населба. Пазарчето ќе работи секој пазарен ден до 7 до 14ч. По четири месеци пауза, денес, петок, започна повторно со работа пазарчето во Нова населба.

Тоа е од затворен тип, покриено. Изминатите денови, откако Кризниот штаб дозволи тоа пак да работи, беше извршено чистење, дезинфекција, на просторот и тезгите. 

Работното време е од 7 до 14ч, секој пазарен ден, вторник петок и недела. Дали може да работи секој ден одлука е на Кризниот штаб. Посетителите и продавачите задолжително мора да носат заштитни маски а на влезот се врши дезинфекција на рацете - изјавија од ЈКП Дервен, кој стопанисува со пазарот. 

Бидејќи пазарот во Нова населба е од затворен тип,  од 20-ти март тоа беше затворено за купувачи и продавачи и до денес не се дозволуваше негово користење. Затоа жителите од новиот дел на градот беа приморани да пазарат од пилјари или да одат до Градскиот пазар

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати