Од денес 5,3 илјади вработени во Деркслмаер Македонија, меѓу нив и 800 велешани се на колективен платен одмор

Петар Печков

Од денес, понеделник,  па во следените две седмици, 5,3 илјади вработени во ДММ Дрекслмаер  Македонија ќе седат дома. Меѓу нив се и околу 800 велешани кои работат во оваа компанија.

Овој времен одмор ќе биде платен, соопшти раководството на германската компанија која работи во Македонија, а произведува делови за автомобилската индустрија.  Таа  е еден од најголемите работодавачи во земјата. 

Поради состојбата со корона вирусот, вработените во Дрекслмајер од денес па во следните две недели се на колективен платен одмор. Фабриката во овие две недели ќе работи на технички минимум, одржување  на машини и слично.  Секако здравјето и безбедноста се на прво место, па така точниот почеток на производство и работа е во зависност од тоа како ќе се одвива ситуацијата со ширењето на корона вирусот, како и од развојот на настаните во автомобилската индустрија и нарачките што ги добиваме од нашите клиенти - напишаа во писмениот одговор од раководството на компанијата  Дрекслаер Македонија, која се наоѓа во Кавадарци. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати