Од дом на велешанец, на Рамина украдени 65 илјади евра

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден, велешанец, жител ан Рамина пријавил дека од домот од сефот, му се украдена актовка со 65 илјади евра. Велешката полиција вечерта дел до парите нашла кај неговата внука. 

На 30.05.2018 година С.М. (68) од Велес пријавил дека во периодот од 18.05.2018 до 30.05.2018 година во неговата куќа на ул.„Јордан Џурнов“ во Велес непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот преку незаклучената влезна врата влегол на приземјето од куќата и со подесен алат го отворил катанчето од вграден ѕиден плакар од каде одзел акт-чанта со две шифрирани брави во која имало 65.000 евра и разновидна  документација, по што заминал во непознат правец. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес. Истиот ден во 21.00 часот во СВР Велес бил извршен разговор со 17-годишна малолетничка од Велес, внука на пријавителот, во присуство на нејзиниот татко и социјален работник. Во 21.30 часот полициски службеници во хотелска соба изнајмена од малолетничката била пронајдена и одземена чантата, која била оштетена и во која имало разни документи и поголема количина евра - стои во соопшението од МВР.  

За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

loading...

Поврзани »

loading...

Бесплатен автобуски превоз до езеро Младост, во викенд, два пати на ден, со нова релација

Врз основа на интересот на граѓаните кои се обраќаат до локалната власт, Општина Велес од сабота (28 јули, 2018) организира бесплатен автобуски превоз до езерото „Младост“.Секоја сабота и недела, автобусот ќе поаѓа во 10 часот од постојката во населба „Тунел“. Детали

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати