Од есен во Велес има 50 слободни места за бруцоши, само за на ТТФ

Петар Печков

Објавен е конкурсот за запишување на студенти во прва година на Универзитети во земјава. Во Велес упис ќе има само на Универзитетот Св. Климент Охридски,, на Техничко- технолошкиот факултет со седиште во Велес.   

На оваа единствена високо образован институција во Велес има слободни 50 места, по 25  на прехранбена технологија и  биотехнологија  и 25 на нутриционизам. По 20 места на двете насоки се за  редовните  студенти со партиципација од 200 евра и по пет се за вонредни студенти со партиципација од 400 евра.  

Пријавување на кандидатите во прв уписен рок е на  29-ти и 30-ти август, втор на  13-ти и  16-ти септември а третиот на 24- ти септември. Академската година од лани повторно започнува од 1-ви октомври. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати