Од есен 1088 слободни места во прва година средно во Велес

Петар Печков

Во новата учебна 2017/18 година, во четирите средни училишта во Велес ќе се запишат    1088 ученици во прва година. Ова се бројките по објавениот конкурс за упис, од страна на Министерството за  образование и наука.  

Во прва година во Гимназијата ,,Кочо Рацин,,  има место за  238 ученици во 7 паралелки  -204 ученици во 6 паралелки со настава на македонски јазик и 34 ученици во 1 паралелка со настава на албански јазик.

Годинава во ова училиште нема да има  упис  во прва година на истурени паралелки во состав на државното средно училиште ,,Спортска академија,,.

Во прва година на Економското училиште ,,Јовче Тесличков,,  ќе се запишат 204 ученици во 6 паралелки со настава на македонски јазик за економски техничар -102 ученика и за деловен секретар, банкарски техничар и продавач ( последната струка е  со три години настава)  по 34 ученици.  

Во прва година на ,,Коле Неделковски,,  ќе се запишат 408 ученици во 12 паралелки  -340 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик и 68 ученици во 2 паралелки со настава на албански јазик.

Во машинска струка  ќе се запишат 170 ученици во  четири паралелки на македонски јазик: машински техничар/ машинско - енергетски техничар;  техничар за компјутерско управување; автотехничар – мехатроничар,; автомеханичар/ заварувач (  последниот е со три години настава) сите со по 34 ученици. 

Електротехничка струка - 170 ученици со  четири  паралелки на македонски  јазик:  електротехничар за компјутерска техника и автоматика 2 паралелки;  електротехничар за електроника и телекомуникации и електротехничар- енергетичар;  електричар/ електромеханичар за компјутерска техника и технологија ( последниот е со три години настава)  со по 34 ученици 

Во ова училиште во прва година настава на албански јазик ќе посетуваат две паралелки со по 34 ученици,  машински техничар  и електротехничар за електроника  со по четири години настава.

Сообраќајна струка - 34 ученици, 1 паралелка  - техничар за транспорт и шпедиција

Угостителско - туристичка струка - 34 ученици, 1 паралелка - готвач/ келнер три години настава

Во прва година  од Хемиското училиште ,,Димитрија Чуповски,, ќе се запишат 238 ученици во 7 паралелки со настава на македонски јазик.

Хемиско - технолошка струка - 102 ученици, три  паралелки: хемиско - технолошки техничар, прехранбен техничар;  месопреработувач (последниот е со три години настава) сите со по 34 ученици. 

Здравствена струка - 102 ученици, 3 паралелки: медицинска сестра; фармацевтски лабораториски техничар:  болничар- негувател (последниот е со три години настава) сите со по 34 ученици. 

Лични услуги - 34 ученици, 1 паралелка: козметички техничар.

Првото пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок се врши на 28 и 29 јуни 2017 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2017 година.

Второто пријавување од јунскиот уписен рок и запишување на учениците ќе се врши на 5 јули 2017 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 6 јули 2017 година.

Училиштата кои во двата уписни рока не ги потполниле утврдените ученички места за запишување со овој Конкурс продолжуваат со запишување на учениците до 31 август 2017 година.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати