Од засега непознати причини угинаа 60-тина овци на сточар од велешко Раштани

Петар Печков

Агенцијата за храна и ветеринарство ја испитува смртта на 60-тина овци, кои мината седмица му изгинаа на сточарот Тодор Јованчев од село Раштани- велешко. 

Во два дена, минатиот вторник и среда во стадото на Јованчев умреле овци, за  кое тој не ја знае причината, но има сомнежи.

Дента овците беа на паша, вечерта ги собрав во трлото. Утрото кога појдов што да видам. Овци нагло умира, сум видел да умира од прејаденост, но вака од ништо, не.  Толку години татко ми беше сточар, сега и јас, вакво не сум доживеал. Овците беа вакцинирани, може некој фрлил нешто на пасиштето, па што дојде до масовно погинување. Може на некому пречи што имаме, но тоа е со работа а не со седење дома - вели Јованчев.

Тој штетата ја проценува на околу 10 илјади евра. Инцидентот го пријавил во полиција и во Агенцијата за храна и ветерина. од СВР Велс потврдија дека имаат пријава за угинување на поголем број овци, но препратија за повеќе информации во Агенција за храна и ветеринарство, која извршила увид. 

Извршен е  увид на одгледувалиштето на сточарот Тодор Јованчев во велешкото село Раштани, каде според поднесената пријава од непознати причини угинале шеесеттина овци. Земени се мостри од угинатите животни за утврдување на причинителот на смртноста.  Угинатите животни се нештетно отстранети, закопани,  согласно одредбите од Законот за нус производи - соопштија од АХВ.

Агенцијата за храна и ветеринарство ги очекува резултатите од испитувањата на мострите кои се вршат во акредитирани лаборатории на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, по што ќе биде позната натамошната постапка.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати