Од петок Театарскиот фестивал на античка драма ,,Стоби 2017,,

Петар Печков

На 16-тото издание на Фестивалот на античка драма,,Стоби,, ќе се одиграат шест претстави во натпреварувачка конкуренција плус две во придружната програма.   

Фестивалот започнува на 13-ти октомври, петок  а завршува на 21 октомври. Учествуваат театри од четири држави Србија, Бугарија, Казахстан и Македонија.   Овој термин бил избрана за да не се поклопува со други настани во градов, но и со одржувањето на Млад отворен театар во Скопје и други театарски  фестивали во земјава.

Фестивалот ,,Стоби,, е познат во регионот и пошироко, па често стигнуваат  официјални понуди за претставување на одредени претстави во Велес.  Таков е случајот годинава со Филоктет/медеја која специјално е направена за нашиот фестивал. Тоа  сериозно ни  ја олеснува работата, како Фестивал  кога имаме можност да избираме а не да бараме  - изјави Зоран Љутков претседател на Здружението  ФАД Стоби, кое е организатор на Фестивалот.   

На програмата на годинешниот фестивал  се  преставите:  13-ти октомври    ,,Перикле,, на Шабачки театар од Србија,  14.10 ,,Цар Едип,, на театарот Стефан Киров од Бугарија,  16.10   ,,Ништо без Трифолио,, на Прилепски театар, 18.10 ,,Шумата на моето дрво,,  копродукција на  Фестивалот  Импакт и велешки театар,  19.10  Медеа на  Казачкиот театар од Казахстан,  20.10 Филоктет/Медеа на Театарот од Западен Казахстан – Казахстан. Во придружната програма ќе бидат изведени на 17.10  Животот е магичен круг  на  Универзитетот ,,Есра,, и на затворањето на    21.10 претставата ,,Стјуардеси,, на театар Комедија од Скопје. 
Годинашново жири е во состав: Ивана Јарчевска – театролог, Дејан Дамјановски режисер и Кети Борисовска актер. Наградите  се Гран при за најдобра театарска претстава и статуетки ,,Афродита,, за најдобра машка, женска улога и за режија. 

Трета година по ред ФАД ,,Стоби,, се одржува  во затворен простор, во велешки театар. Ова оти се изведуваат градежни работи на античкиот театар, на локалитетот Стоби, каде од 2001-тата  се одржуваше фестивалот се до 2013-та.

Бевме принудени три години да бидеме на нова времена локација.  Во разговорите со раководството со НУ ,,Стоби,,  дојдовме до заклучок и време е фестивалот да е врати на отворено.  Бидејќи голем дел од работите се завршени, очекуваме да завршат до крајот на  јуни до година, но и најдовме нови локации каде може да се играат престави во  рамките на  локалитетот Стоби, така што следната година Фестивалот се враќа таму, на отворено – рече Љутков. 

Фестивалот на античка драма ,,Стоби,, бил поканет да стане член на Асоцијација на регионални  театарски фестивали, кои се одржуваат во летен период.  Ова за ФАД ,,Стоби,, отворало можност да се  создаваат претстави во копродукција. Резултат на соработката со оваа Асоцијација,  иако уште не е официјализирана е гостувањето на Театарот од Шабац.  ФАД ,,Стоби,, финансиски е  поддржан со 1,2 милини денари од општинскиот  Буџет и до Министерството за култура, како и повеќе  спонзори.  Сите претстави започнуваат во 20ч.

loading...

Поврзани »

loading...

ИТНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Советот на Општина Велес на седницата одржана на ден 27.11.2017 година, донесе
ОДЛУКА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ ИТНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Конкурс за стипендирање на талентирани ученици и студенти за учебната 2017/2018 година

Во согласност со Програмата на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес 25-5299/3. Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес на ден 13.12..2017 година, распишува К О Н К У Р С

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (ДЕКЕМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com