Од полицискиот билтен за изминатиот викенд

Петар Печков

Основното Јавно обвинителство  од Кавадарци  информираше дека отворило постапка против едно лице кое е осомничено дека сторило продолжено кривично дело – Загрозување на сигурноста. 

Осомничениот жител на Велес во неколку наврати, преку една социјална мрежа, упатувал сериозни закани кон поранешен адвокат, кој во моментов работи како нотар во Кавадарци. Притоа,во петокот  на 21 јуни  лично отишол во канцеларијата на нотарот и се заканил со нож.

По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци на лицето му определи притвор во траење од 8 дена - пишува во информацијата на обвинителството. 

Мигрант од Пакистан почина од удар од воз. Претходно исто така мигрант, Пакистанец доживеа струен удар при качување на воз.  

Петокот на 21 јуни  во 22,50 часот било пријавено дека товарен воз кој се движел во правец Гевгелија- Скопје, пред Демир Капија удрил во А.Н.(мигрант) од Пакистан, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција - информираа од МВР.

Велешанец кој управувал камион учествувал во сообраќајка кај  заобиколницата за Кочани  во која има едно починато лице. Велешанецот возел цистерна со 20 тони гас, се движел во правец кон Штип а автомобилот кон Делчево. Двете возила излетале од патот а гасот успеале да го прелат во други возила. 

Петокот на 21 јуни  во 18,20 часот било пријавено дека на магистралниот пат Делчево- Штип, кај место викано „База Гранит“, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Г.(50) од Велес, и патничко моторно возило „Поло“ со кочански регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(27) од село Тркање-кочанско. На местото на настанот починал М.Ј. - пишува во информацијата на МВР. Од  извршениот  увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кочани ќе се знаат причините за несреќата. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати