Од 15 август акција за собирање на габаритен отпад

Петар Печков

Согласно Одлуката за постапување со комуналниот, комерцијалниот и другите видови неопасен отпад на територијата на Општина Велес, ЈКП Дервен како давател на услугата, должен е еднаш годишно. да организира акција за собирање на габаритен отпад од корисниците на услугата. Годинава таа ќе се организира во два периоди  од 15 до 19 август и од 26 до 30 септември.

Доколку граѓаните имаат потреба од отстранување на габаритен отпад, од локалната власт  апелираат до граѓаните  да не го оставаат на јавните површини, до контејнерите за отпад туку да се воздржат до организирање на акцијата за собирање на овој вид на отпад.

„Период предвиден за организирано собирање на габаритен отпад  за 2022 год. е од 15 август до 19 август и од 26 септември до 30 септември. Во овој период габаритниот отпад да се изнесува на јавни површини и остава до контејнерите за отпад, исклучиво по претходно обраќање до ЈКП Дервен, бидејќи услугата за собирање и транспортирање на габаритен отпад е бесплатна само за предвидениот период за спроведување  на акцијата“ - информираа од ЈКП Дервен.

За најава за оставање на габаритен отпад граѓаните може да  се јават   до сектор Комунална хигиена секој работен ден од 7. до 15. часот на телефонските броеви: 071/229-986 / 075/343-751 /  043/233-768

Потсетување што се спаѓа во  габаритен отпад:
Мебел, делови од мебел, душеци, прозорски заштитни решетки, кујнски елементи.

Санитарии – кади, туш кабини, корита, завеси, мијалници, тоалет шолји, славини за вода, огледала.

Градинарска опрема  – огради, врати, градинарски алат и машини, садови за цвеќе, клупи

Друг габаритен отпад – ролетни, тенди, врати, прозори, прозорски рамки, велосипеди, радијатори, тапети, играчки и детски колички, како и дрвена амбалажа.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати