Петар Печков
Објавено: сабота, 16 јануари 2021
Министерството за здравство објави дека денес, сабота во велешко се оздравени се 45 пациенти позитивни на ковид-19 а регистрирани 16 нови случаи. Или активни се 363 случаи а досега од корона вирусот се заразиле 2.948 лица. Починати oд последиците на ковид заразата во велешко се 97 лица
Во велешка Болница хоспитализирани се 37 пациенти, 32 на Инфективно и петмина на Интерно одделение. Од лежечките пациенти 29 се потврдени позитивни,тројца се сомнителни и петмина пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 12 пациенти. Од Болница испишани се двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.