Оздравени 54 пациенти, ново заразени со ковид-19 во велешко се 30 лица

Петар Печков

Во велешко, Центарот за јавно здравје, денес регистрираше  30 ново заразени лица со ковид-19,  или досега   вкупно 2.001. Како оздравени се водат  54 со што  вкупно се 1.218 пациенти.

Активни има  617 случаи од кои  61 се  во болница, шест во приватни клиники во Скопје и  649  на домашно лекување. Досега има починато 67 лица  со корона вирусот.  

Во велешка Болница хоспитализирани вкупно 62 пациенти, од нив 57 потврдени позитивни, двајца сомнителни и тројца пациенти со негативни тестови а со здравствени проблеми,  22 пациенти се на кислородна поддршка.

На Инфективно одделение има  50 пациенти, на Физикално девет и на  Интерно три.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати