Опел корса, Пежо 208 и Киа телурајд автомобили на годината во Македонија, Европа и светот

Петар Печков

„Опел корса“ ја понесе титулата Автомобил на годината во Македонија.

„Корса“ беше еден од шесте финалисти издвоени од националното жири, при што ги победи „кија ексид“, „тојота РАВ4“, „мазда 3“, „БМВ 1“ и „сангјонг корандо“.Современиот изглед и модерните технологии, меѓу кои е и електричната погонска група, ѝ даваат предност на пазарот, особено во земји како Македонија, каде што купувачите ќе ги освојува и со атрактивната цена“, се вели во образложението на жирито. За теренец (СУВ) на годината е прогласена петтата генерација на „тојота РАВ4“. Ова е втор триумф на „корса“ во 25-годишната историја на изборот, по оној во 2007.

„Пежо 208“ е прогласен за Европски автомобил на годината, победувајќи го големиот фаворит „тесла модел 3“. Во изборот на жирито составено од 60 новинари од 23 земји, „пежо 208“ освои 281 поен, 39 повеќе од „модел 3“, додека на третото место се пласираше „порше тајкан“ со 222. Во потесната конкуренција беа и „БМВ 1“, „форд пума“, „рено клио“ и „тојота корола“. „‘Пежо 208‘ се издвои од конкурентите благодарение на својот исклучителен избор на погонски единици, кои вклучуваат и електрична верзија“, соопштија организаторите. „Пежо“ по шести пат ја освојува оваа титула, а последниот негов победник беше теренецот „3008“ во 2017 година.

„Киа телурајд“, најголемиот модел на оваа компанија досега, се закити со титулата Светски автомобил на годината. Теренецот со седум седишта во финалното гласање победи два модела на „Мазда“: „мазда3“ и теренецот „CX-30“. За наградата гласаше жири составено од 86 членови од 24 земји од цел свет. Ова е првпат „Киа“ или која било јужнокорејска компанија да ја освои оваа награда во 16-годишната историја. Електричниот „порше тајкан“ е прогласен за најдобар луксузен автомобил и за возило со најдобри перформанси, додека „мазда3“ ја доби утешната награда за најдобар дизајн.

 

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

  • да
  • не
Резултати