Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагира на постапката при гласањето за повисоката цена на водата за пиење

Петар Печков

Далеку од очите на јавноста во медиумски мрак Советот   носи штетни одлуки за Велес.  Градоначалникот Аце Коцевски и советничкото мнозинство носат одлуки на штетата на граѓаните и на штета на домашниот Буџет велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција.

На 24-тата  седница на Советот  одржана на 26 ноември, повторно беше ставена одлуката за  изјаснување.  Од 21  советник присутен во салата, со 11 гласа за о 10 против одлуката за покачување на цената беше донесена со мнозинство гласови. Советниците кои поради конфликт не интереси досега се изземаа од гласање Бесим Ахмедов и Весна Богоевска Стојановска немаше.   Тие една година  се иззема од гласање, поради конфликт на интереси, нивни блиски од семејството се вработени во ЈКП Дервен.   Тие се иззема и при претходните гласања за повисока цена на водата.    Градоначалникот Коцевски без  никакво срам  иако во изборната кампања ветуваше на цената на водата на пиење, сега со советничкото мнозинство носи одлука за зголемување.  Спротивно на ветувањето носи одлука за повисока цена- рече Ангел Димов  член на Советот на Општина Велес до редовите на ВМРО-ДПМНЕ. 

Опозицијата смета дека одлуката е незаконска, но не кажа дали ќе реагира и правно за разрешување на дилемата која ја поставија.  Објаснија дека на седницата не присуствувал советникот од НСДП од владејачката коалиција Кирил Гајдов а пред гласањето излегол од просторијата независниот советник од исто така владејачкото мнозинство  Ненад Коциќ. Но затоа гласал Бесим Ахемдов кој е член на Советот избран од листата на опозиционата коалиција.

На новинарското прашање, упатено до Димов, како член од претходниот состав на Советот, зошто Правилникот за  цената на водата за пиење, донесен од Владата на ВМРО-ДПМНЕ и залагајќи се за правна држава, не донеле таква одлука, која требало да биде донесено уше пред неколку години објасни:

За периодот за кој прашувате, во два наврати имаше барање од УО на ЈКП Дерен  до тогашниот градоначалник Славчо Чадиев за покачување на цената на водата. Тој тоа го одби, не ги стави точките на дневен ред и  ЈКП Дервен со сопствени средства ги покри трошоците за работа - објасни Димов.   Градоначалникот Коцевски ги отфрли обвинувањата дека водата е незаконски покачена. За гласањето на лицата кои досега се    изземаа  било побарано и добиено мислење од надлежни органи.

Цената на водата се зголеми на предлог на Управниот одбор на ЈКП Дервен. Избирајќи го помалото зло Советот на општина Велес ја прифати новата цена, затоа што доколку не го направеше тоа врз основа на закон државната регулаторна комисија по административен пат ќе ја зголемеше цената на водата на повисоко ниво. Во извршените консултации со Министерството за локална самоуправа и Државниот инспекторат за локална самоуправа ни беше предочено дека членовите на советот чии роднини се вработени во ЈКП Дервен во овој и слични случаи немаат конфликт на интерес затоа што немаат директна финансиска полза - кажа  Коцевски. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати