Опозицијата реагира за воведување нови давачки, за јавна чистота и за зеленило

Петар Печков

На последната 16-та седница на Советот на Општина Велес беше донесена одлука за воведување на  надоместок за јавно зеленило,  а на 14-тата седница и за надоместок за јавна чистота која беше и корегирана-зголемена.  На овие одлуки реагираа од велешката опозиција.    

На една од претходните седници на Советот на предлог на градоначалникот  Аце Коцевски  беше поднесена точка на дневен ред одлука за утврдување на висината на надоместок за јавна чистота кој беше утврден по 0.25 ден по м2  за физички и правни лица  која беше поддржана од членовите на советот од редовите на коалицијата  на СДСМ и коалиционите партнери .  Само една  седница потоа како предлог се најде слична ваква одлука која се однесува повторно на воведување на нова такса за граѓаните со иста содржина  овој пат утврдување на цена  за надоместок за јавно зеленило исто така по 0.25 ден по м2 . Но одлуката не беше усвоена бидејќи  не доби поддршка ниту од членовите на советот од редовите на СДСМ и коалицијата  со барања да се одржат јавни расправи на оваа тема со стручни лица од областа и да се консултира социјално економскиот совет. Mеѓутоа на 16-та седница на Советот која се одржа на ден 11.06.2018 година истата точка беше повторно ставена како предлог на дневен ред, а на почетокот на седницата беше со амандман поднесен од страна на градоначалникот истата изменета во делот на утврдениот коефициент за пресметување од 0.25 на 0.90 ден по м2 и исто така амандман во однос на одлуката која беше донесена за јавната чистота  а каде коефициентот за пресметување се менува од 0.25 на 0.70 ден по м2 .  За жал одлуките овој пат иако многу повисоки беа прифатливи за  мнозинството во советот на општина Велес, и како такви усвоени  иако во овој краток период не се случи никаква промена која би влијаела на тоа овие одлуки да станат прифатливи. Почитувани ова не беше дел од понуденото во изборната програма на градоначалникот со која ги доби гласовите на Велешани ветувајќи подобар живот за сите, зар ова воведување на нови давачки за граѓаните ќе доведе до тој подобар живот на граѓаните - стои во соопштнието на ВМРО-ДПМНЕ од Велес.  

Советничката група на СДСМ  вели дека тие само ги применувале законските одредби донесени многу порано од Владата на ВМРО-ДПМНЕ.  

Недомаќинското  и расипничкото работење на претходната локална власт почна да излегува целосно на виделина. Неплаќањето на долгови,незаконското работење  и неодговорноста кон граѓаните беа само мал составен дел на политиканското раководење на Општина Велес и ЈКП Дервен. Наместо со факти и законски одредби на денешната прес конференција слушнавме паушални и квазиполитички обвинувања од нивна страна.Советничкото мнозинство во Советот на Општина Велес предводено од СДСМ и коалиционите партнери согласно законските одредби од Законот за комунални дејности кој мора да напоменеме е донесен од ВМРО ДПМНЕ ги определи цените за  надоместок за јавно зеленило. Ова е законско обврзувачка одредба која секоја општина го воведува, а претходното мнозинство тенденциозно не го усвојувала со што ја довеле во опасност функционирањето на  општината и ЈКП Дервен.Само да ги потсетиме советниците од ВМРО ДПМНЕ дека оваа давачка е воспоставена од голем број на општини каде Градоначалници и мнозинство на советите во минатиот состав беа од ВМРО ДПМНЕ. Велешани дали знаете дека возниот парк на ЈКП Дервен е целосно уништен од недомаќинското работење на претходниот директор и Градоначалник. Дали знаете дека фактурите кои ЈКП Дервен ги пуштало на Општина Велес не се наплатени од 2013 година и изнесуваат милион и пол евра? Само 2 камиони за собирање ѓубре функционираат затоа што некој раскрчмувал, уништувал и наместо долгови кои требало да ги плати плаќале софри по кафеани,шетање со свои пријателки,и лични возачи се на сметка на велешани. Е доста е од такво работење. Оставивте пустош зад вас ВМРО ДПМНЕ во цела Македонија и во Велес - пишува во реакцијата советничката група на СДСМ.

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати