Општина Велес набавувала канцелариски материјал по астрономски цени, иако на тендер

Петар Печков

Општина Велес набавувала канцелариски материјал, далеку по  повисоки цени отколку пазарните.  Ова го објави градоначалникот на Велес, Аце Коцевски , не кажа која тоа книжарница од Велес ги добивала тендерите, но се сомнева дека тоа  е сторена во соработка  со некој од вработените од локалната власт. Преку високите цени  некој сопственик добро ќарил,  се добивала   екстра добивка  но не е познато каде   завршувала.    

Имало начини Општина Велес легално да биде крадена  а тоа да биде покриено со соодветни  документи, преку тендерските  постапки за јавни набавки.   Општина Велес склучувала догвори, кои формално правно се легални - законски,  од добавувачи чии цени се далеку повисоки од пазарните. Добавувачот тоа го правел во содејство со  некој од внатре од  општината.  Како  обичен граѓанин, ако влезете во било која книжарница  во градот, истите материјали ќе ги купите  далеку поефитно отколку што локалната власт ги набавувала со години, иако во  големи количества - рече на прес конференција Коцевски.

Тој ова го  илустрираше со неколку примери. Така фотокопирната хартија  А4 еден топ  се набавувал по 208,63 денари а сега на нов теднер  ја купувале по 139,13 денари.  Најлонските папки досега се набавувале по 284, 48 сега 84,2 денари. Малите ковертите 2,85 парче а сега со нов тендер  ги набавувале  0,84 денари, ковертите средни од  5,69 денари а сега ги набавувале по  1,68 денари. Архивските кутии досега се набавувале  189,66   а цената годинава  паднала на 84,2 а втор вид регистратори  цената  од 104,31 паднала на  47,7 денари. 

Коцески објасни дека  добавувачот го добивал тендерот со тоа што  нудел екстра ниски цени за работи кои локалната власт никогаш не ги порачала а високи цени за артикли, кои  постојано се порачувале.   Така со средна цена, пониска од конкуренцијата  победувал на тендерите.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати