Општина Велес поднесе тужба до Управен суд за цената на водата

Петар Печков

Општина Велес преку суд, бара цената на  водата за пиење да не се покачува.   Таа поднела тужба до Управниот суд, незадоволна од висината на  предложената цена.  Цената ја  одредува Регулаторна комисија.

Не сме задоволни од утврдената цена, сметаме дека е превисока. Јас ветив во кампањата цената  на водата да се намали за 10 отсто, но тоа повеќе не е во надлежност на  општината.  Цената на водата е сериозен проблем, не само за Велес, туку и за сите општини во Македонија. Уште на почетокот на мандатот, на состанок во Струга,   го запознавме премиерот Заев со овој проблем.  Но Регулаторната комисија е независно тело и врз неа извршната власт не  може да има влијание - рече градоначалникот Коцевски.  

Во поднесената тужба Општина Велес  ја тужи Регулаторна комисија, оти според локалната  власт   во постапката при донесувањето на   Решението за утврдување на    тарифата за  цената  на водата што ЈКП Дервен ја испорачвуа на корисниците,  за  периодот 2018-2020 година,   не било постапено според правилата на постапката, и не била утврдена правилно фактичката  состојба.

Регулаторна на ЈКП ДЕРВЕН му утврдила просечната цена на водата за пиење за 2018 година да биде  во износ од 41,30 ден/м3 или би се движела од  36.74  до   45,85 дена за м3. Велешани сега плаќаат 30,40 денари за м3.  Ако цената на водата се покачи до минималната, тоа е  зголемување  од  22,3%. 

Одговарајќи на  новинарско прашање, за ставот на ЈКП Дервен по  оваа тужба, од таму одговорија дека нема да навлегуваат во правниот процес, кој  локалната власт го започнала против Регулаторна комисија.

Би сакале да се земе во предвид дека постои и Решение од Регулаторната комисија за покачување на цената на суровата вода од страна на ЈПВ Лисиче спрема ЈКП Дервен, и да се внимава да не се доведе ЈКП Дервен во загуба - пишува  во писмeниот одговор.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати