Општинскиот Црвен Крст подели повеќе од 700 комплети сликовници за децата од велешко

Петар Печков

Како дел од големата донаторска акција, волонтерите на Општинскиот Црвен крст на Велес,   поделија  736 комплети со сликовници наменети за децата на возраст помеѓу три и седум години. Сетовите со сликовници се отпечатени на македонски, албански, турски, ромски и бошњачки јазик.

Во зависност од средината така  била поделени на соодветниот јазик. Сликовниците се донација од Светска банка во соработка со Министерство за труд и социјала и Министерството за образование.

Комплетите со сликовници освен во Велес, се поделени и на децата во Градско, Чашка, Горно Јаболчиште,  Горано Врановци, Горно Оризари, Иванковци, Бузалково, Сливник, Клуковец, Богомила. При распределбата учествуваат повеќе волонтери на ОО Црвен крст,  помош добиле и од училиштата, месните заедници, основните организации на Црвен крст.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати