Општинскиот црвен крст со иницијатива една здравствена институција од Велес да се именува д-р Милчо Трајков

Петар Печков

Општинскиот црвен крст на Велес  со иницијатива за именување на една здравствена установа на територијата на Општина Велес со името д-р Милчо Трајков. Таа е доставена до претседавачот на Советот, Ненад Коциќ. 

Нивен предлог е името на д-р  Милчо Трајков да го носи ЈЗУ Здравствен дом од Велес.  Во образложението за оваа иницијатива, велешкиот Црвен крст  меѓу другото потсети дека д-р Трајков беше претседател и на Општинскиот Црвен крст на Велес но и на Републичкиот Црвен крст на Македонија: 

Како волонтер д-р Трајков  безрезервно беше вклучен во одбележување на Неделата за борба против  срцево- садовите  заболувања,  Денот  за  борба  против  срцеви  заболувања,  а  на негова иницијатива се организираа бесплатни прегледи за мерење на притисок и работата на срцето на повеќе фреквентни места во градот. Неговата активност и безрезервен ангажман во Црвениот крст придонесе кон оваа организација да се придружат многу млади  лекари, како членови и волонтери, кои дополнително даваат голем придонес  за развојот на истата. Тој беше и голем поддржувач на традиционални локални и државни манифестации како Меѓународниот пливачки маратон на езеро Младост, Вардарската регата и сл. - пишува во образложението. 

Нема информации кога овој предлог иницијатива ќе се најде на седница на општинскиот Совет.  Д-р Трајков почина на 66 годишна возраст во средината на април, минатата година. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати