Осветлена е трим патеката и фитнес центарот на отворено во Градски парк (фото)

Петар Печков

Осветлена е трим- патеката во Градски парк. Истата ја користеа рекреативците и спортистите од градот. Осветлен е и фитнес центарот на отворено, исто така во Градскиот парк.  Инвестицијата е вредна 428.144 денари, средства од општинскиот Буџет. 

Изведбата доаѓа по барање на велешани кои ја користеа патеката и фитнес центарот на отворено.  Отсега патеката и справите може да се користат и во ноќните часови, што е особено важно особено во жешките летни месеци, порача градоначалникот Аце Коцевски. 

Поставени се  16 метални столбови за осветлување, високи 6 м, на растојание од 35 - 40 м, поврзани со самоносив алуминиумски кабел со должина од 600 м. За да обезбедиме попријатен светлосен амбиент за спортистите и рекреативците поставивме 16 лед светилки со поединечна моќ од 50 W - соопшти Коцевски. 

Градоначалникот ја искористи можноста да испрати апел да се  чува тоа што се гради, „за да го користиме што подолго и затоа што е градено со пари на даночните обврзници“.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

  • да
  • не
Резултати