Ослободителна пресуда за убиството во Ореше

Петар Печков

Судечкиот совет од Основен суд  Велес кој го работеше предметот за убиството во село Ореше, одлучи дека обвинетите не се виновни.   Ѓоре Петровски како нарачетел и браќата Ордан и Љупчо Ѓоргиевски како извршители се ослободени од  обвинението дека стојат зад убиството на Лазо Милошески кое се случи на 2-ри декември 2005-тата година.  Судијката Тања Милева образлагајќи ја пресудата рече дека ниту зад едно прашање поставено од Апелација, по враќањето на претходната пресуда, не е даден одговор.    

Не добивме одговор дали убиството е по порачка, дали постоела омраза и нетрпеливост помеѓу обвинетиот и убиениот, нема паричен проток на пари за надомест за извршеното убиство. Затоа обвиените се ослободуваат од вина – рече Милева.   Бранителите на обвинетите задоволни од  пресудата. 

По десетгодишна борба со судските лавиринти, Велешкиот суд по втор пат се ослободи и донесе пресуда како што е оправдана. Нема ниту еден доказ  дека обвиените го сториле кривичното дело. Нема доказ дека Петровски го нарачал убиството и нема доказ дека браќата Ѓоргиевски го сториле делото – рече адвокатот Коста Нојков.  

Со овој предмет настрадаа многу  луѓе и на можам да не се навратам на  целиот предмет  ,,Ликвидација,, кој покажува дека е исконструиран  исто како што е  конструиран и  овој ,,Ореше,,. Тажно е што првиот заштитен сведок беше  злоупотребен институтот заштитен сведок и во него учествуваа највисоки функционери на  правосудството и од МВР. По ваква пресуда бараме   обвинителството да го испита работењето на одделението за заштитениот сведоци, како и  одлуките на обвинителството  од тоа време  -  рече адвокатот Ѕвонко Давидовиќ.   

За браќата Љупчо и Ордан Ѓоргиевски  со оваа одлука во Македонија навистина ,,дојде живот,,   и дека зад обвинението стои  тогашниот врв на МВР, поточно ВМРО-то.  Претходно за девет години имаше четири пресуди по овој предмет, една ослободителна и три осудителни.   За синот на убиениот, отштетниот Ацо Милошевски судењето не е завршено.

Не сум  задоволен од пресудата. Има ЦД со докази. Има убиен човек, мора да има и виновник. Не е се завршено – рече Милошевски.    

Лазо Милошевски (71 год) беше застрелан  на 2-ри декември 2005-тата година, додека тој во неговата куќа подготвувал вечера. Од соседниот двор од триесетина метри растојание околу 20,40 часот биле истрелани два куршуми од кои едниот завршил во Милошевски  и бил фатален за него. Тој е пронајден мртов од соселаните следното утро.  Според обвинението убиството било извршено заради одмазда  по нарачка на Ѓоре Петровски кој од 1997-ма живееше на Флорида во САД. Тој за 20 илјади долари побарал од браќата Георгиевски да го убијат Милошевски, бидејќи во 1995-та Петровски бил застрелан во глава, но преживеал а тој сметал дека на него на железничката станица Орешка чука пукал Милошевски. Осудените браќа  Георгиевски и убиениот Милошевски биле во роднинска врска.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати