Отворена изложбата „Дестилација“ на Коруновски, Васков и Таневски (фото)

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес, отворена е изложбата „Дестилација“ на дела на тројца ликовните уметници Ангел Коруновски, Глигор Васков иАцо Таневски. Изложбата се реализира во соработка со Домот за култура КО-РА „ Кочо Рацин од Скопје, а секој од авторите се претставува со по девет дела.

„Уметниците се претставуваат со дела со сличен пристап, објекти -слики. Изложбата е комплексна инсталација која се состои од три независни, но меѓусебно поврзани визуелни целини. Изложбата е комплексна инсталација која се состои од три независни, но меѓусебно поврзани визуелни целини. Во најголем дел ни ги претставува истражувањата на уметниците во ново медиумски дисциплини, во кои до израз доаѓа вештината за концептуално промислување. Посебните елементи на изложбата се своевидно враќање на корените,  на предметите од покуќнина,  каде користени предмети добиваат нов облик, нова димензија“ - кажа на отворањето Елица Николова, историчар на уметноста од велешкиот Музеј.  

Ангел Коруновски завршил Факултет за ликовни уметности во Скопје, на катедрата по скулптура во класата на Васил Василев во 2002 година. Магистрирал на истата катедра во 2011 година под менторство на Ибрахим Беди. Работи како слободен уметник во Велес.

Глигор Васков завршил Факултет за ликовни уметности во Скопје, на одделот за сликарство во класата на Ристо Калчевски во 1991 година. Работи во ДСТУ „Лазар Танев“ – Скопје, ДСГГУ „Здравко Цветковски“ – Скопје како професор по Ликовна уметност.

Ацо Таневски е роден 1965 година во Скопје. Средно уметничко училиште и Факултет за ликовни уметности завршил 1991 во Скопје, педагошки отсек со сликарство. вработен како едукатор во Национална галерија на Македонија. Освен со ликовна, се занимава и со театарска и книжевна уметност.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати