Отворена изложба на Верговски со мотиви од Стоби

Петар Печков

Вчеравечер во  Ликовен салон во Велес беше  отворена изложба на слики на академскиот сликар  Драган Верговски – Алпи. Тој еконзерватор советник во пензија, од Националниот конзерваторски центар, Скопје. Дипломирал 1987 година на Факултетот за Ликовна Уметност  Скопје, во класата на Димитар Кондовски. 

Во Ликовен салон Велес Верговски се претставува со  33 дела  кои се инспирирани од локалитетот-античкиот град Стоби, реката Црна и реката Вардар, од непосредната близина на локалитетот . Делата се насловени „Ликовни записи, акрил, мотиви, од река „Црна“ – „Вардар“ и “ Стоби“, работени се  во техника акрилни флеки на платно, картон и саќе. 

Сите 33 дела се настанати во Стоби, каде авторот долги години работи на конзервација и репарација  на мозаиците на локалитетот во обид да ги доближи до нивниот некогашен изглед.  Делата се работени 2017 во слободното време кога слика пејсажи; железничката станица, мостовите, ридишта, самото Стоби,  реставрација и конзервација на подниот мозаик на  крстилницата, на Старата Епископска базилика во античкиот локалитет.

Учествувал на многу групни изложби, а има реализирано 30 самостојни изложби, во земјата и странство.   Добитник на наградата на  ДЛУМ за мал формат во 2017 година.

Забалежително е и натаму слабиот интерес за изложбите кои се поставуваат во Ликовен салон во Велес, и отстуството на ликовните уметници од градот на овие настани

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати